ПРВ.мк
Македонија

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ТРОШОЦИ – Силна поддршка за младите до 35 години

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ТРОШОЦИ – Силна поддршка за младите до 35 години
Escape

Советот на Општина Берово донесе значајна одлука – младите лица и брачни парови до 35 години кои сакаат да градат куќа ќе бидат целосно ослободени од плаќање надоместок за уредување градежно земјиште.

Мерката важи за индивидуална станбена изградба на територијата на општината и има за цел да ги охрабри младите да останат и да вложуваат во својот роден крај. Според локалните власти, токму трошоците за уредување на земјиштето се една од најголемите пречки за младите кои сакаат да изградат свој дом.

„Не станува збор само за финансиска поддршка – ова е јасна порака дека Берово инвестира во иднината,“ соопштија од Општината.

Со овој потег, Берово се приклучува на малкуте општини кои преземаат конкретни чекори за спречување на одливот на млади и за создавање поволни услови за самостоен живот.

Mia Home Mavrovo