ПРВ.мк
Македонија

Се подготвува револуција во транспортот: За 30 минути од Гевгелија до Солун, за 70 минути до Скопје

Се подготвува револуција во транспортот: За 30 минути од Гевгелија до Солун, за 70 минути до Скопје
Escape

Николоски од Гевгелија најави историска пресвртница: Македонија со брза пруга и договор од 6 милијарди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, воедно и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на трибината „Инфраструктурен бум – Ги градиме темелите на промените“ во Гевгелија, најави серија проекти што, според него, ќе ја трансформираат Македонија и ќе ја доближат до најразвиените европски држави.

Николоски истакна дека Македонија е првата земја во Европа што потпишала договор од ваков карактер со Обединетото Кралство, вреден до 5 милијарди фунти, односно околу 6 милијарди евра. Средствата, според него, се со највисок кредитен рејтинг и ќе бидат инвестирани во капитални проекти со трајна вредност за сегашните и идни генерации. Првиот од нив веќе е во реализација, а интерес покажале 16 водечки светски банки.

Како клучен инфраструктурен проект, министерот ја посочи изградбата на брзата пруга што ќе минува низ Гевгелија. Таа ќе овозможи патување од Гевгелија до Солун за само 30 минути, а до Скопје за околу еден час и десет минути – чекор што, како што рече, ќе го смени транспортниот и економскиот тек во регионот.

Во своето обраќање, Николоски потенцираше дека за реализација на оваа визија е неопходна силна организација, посветеност и чесен народ, додавајќи дека токму тоа ќе биде двигателот за напредок и европеизација на Македонија.

Mia Home Mavrovo