ПРВ.мк
Свет

Украл возило и предизвика несреќа со четири загинати и 16 повредени.

Украл возило и предизвика несреќа со четири загинати и 16 повредени.
Escape

ВИДЕО

Четири лица загинаа, а шеснаесет се повредени во стравична сообраќајна несреќа што се случи на еден од главните автопати во Сан Антонио, Тексас. Според полицијата, несреќата ја предизвикал возач на украден автомобил „Камаро“, кој со огромна брзина удрил во автобус, предизвикувајќи верижен судир со повеќе возила.

Двајца патници загинале на самото место, а уште две лица им подлегнале на повредите во болница, изјави началникот на полицијата во Сан Антонио, Вилијам Мекманус. Меѓу 16-те повредени има и деца и постари лица.

Според официјалната реконструкција, инцидентот започнал кога „Камаро“-то удрило во приколката која ја влечел автобусот. Тоа предизвикало автобусот да се одбиј од заштитната ограда, а потоа да биде удрен од страна од приколка-влекач, по што се превртел на страна. Неколку патници буквално биле исфрлени од автобусот при превртувањето.

Најшокантен момент од трагедијата е што возачите на украдениот автомобил побегнале од местото, не пружајќи никаква помош на жртвите. Според информациите од „ABC News“, барем еден од бегалците бил вооружен.

Полицијата на Сан Антонио ја продолжува потрагата по осомничените, а началникот Мекманус апелира до јавноста:

„Ако ги забележите осомничените, не им приоѓајте. Повикајте ја полицијата веднаш. Се смета дека се вооружени и опасни“, предупреди тој.

Овој настан ја потресе јавноста во САД, особено поради бруталноста и рамнодушноста на сторителите, кои не само што украле автомобил, туку оставиле трагедија зад себе додека бегаат од законот.

Mia Home Mavrovo