Патувањето со крузер до Грција наскоро ќе биде поскапо – од 21 јули 2025 година, сите патници што излегуваат од брод во грчки пристаништа ќе мора да платат нова задолжителна такса. Мерката е насочена кон одржлив туризам и подобрување на пристанишната инфраструктура.
Сумата ќе зависи од месецот и дестинацијата:
- Највисока такса (20 евра по лице) ќе важи во шпицот на сезоната (21.07 – 30.09) за Миконос и Санторини
- За другите пристаништа, таксата изнесува 5 евра во истиот период
- Во преодните месеци (октомври и април-мај), цените се намалуваат на 12 и 3 евра
- Во зима (ноември до март), ќе се плаќа симболично – 4 евра за најпознатите острови, 1 евро за останатите
Таксата се пресметува само при напуштање на бродот, се додава автоматски на сметката и важи за сите патници, без исклучоци.
Целта на мерката е регулирање на масовниот туризам, особено на островите каде што има најголем притисок. Парите одат директно во буџетот на Грција и се наменети за унапредување на локалните заедници.