ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Влезе во апарат за магнетна резонанца со ланче на вратот, животот му е загрозен

(ВИДЕО) Влезе во апарат за магнетна резонанца со ланче на вратот, животот му е загрозен
Escape

ВИДЕО

Драматичен инцидент се случи во Насау кога 61-годишен маж, кој не бил пациент, туку го придружувал својот близок, влегол во просторијата за магнетна резонанца додека уредот бил во работа. Поради ланчето што го носел околу вратот, бил силно вовлечен во апаратот, што предизвикало сериозни повреди, објави ABC News.

Човекот бил итно пренесен во болница во критична состојба, а докторите сега се борат за неговиот живот. Полицијата ја води истрагата, но засега не постојат индиции за криминал, и се верува дека станува збор за несреќен случај.

Лекарите од Универзитетската болница Норт Шор предупредуваат дека ваквите инциденти мора да се избегнуваат со строги безбедносни мерки, бидејќи повредите од вовлекување на метални предмети како ланци во магнетната резонанца може да бидат животно опасни. „Последиците можат да бидат повреди од задушување, повреди на ‘рбетот и други тешки трауми“, вели докторот на итна помош Пајал Суд.

Mia Home Mavrovo