ПРВ.мк
Македонија

Данела Арсовска со багери пред Обвинителството – бара акција за урбанистичкиот криминал во Чаир

Данела Арсовска со багери пред Обвинителството – бара акција за урбанистичкиот криминал во Чаир
Escape

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, утринава се појави со два багери пред зградата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, барајќи од шефот Ислам Абази итна реакција по наводите за урбанистички криминал во општина Чаир. Таа посочи дека веќе има доставено конкретни докази и предупреди дека игнорирањето на случајот ќе креира опасен преседан, при што ќе се легализираат дивоградби и ќе се руши довербата во институциите.

Арсовска обвини дека се врши притисок преку дипломатски канали, по наводно барање од Кабинетот на Мицкоски, за таа да престане да зборува за криминалот пред избори. Таа директно го прозва и Висар Ганиу, градоначалникот на Чаир, за кој рече дека институциите немаат храброст да му се спротивстават.

„Во спротивно, ќе започнеме сите со градење безбедни дивоградби со гратис струја и вода, па нека се извинат на сите кои досега ги казниле,“ напиша таа на Фејсбук.

Арсовска веќе подолго време јавно го обвинува Ганиу, како и вицепремиерот Изет Меџити, за незаконски дозволи за градба и легализација. Минатата недела, конфликтот кулминираше со физички напад врз неа од сопственик на спорен објект, кој моментално е во притвор.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека сите материјали доставени од Арсовска се веќе предадени на надлежните обвинители кои работат на проверка и ќе донесат соодветни одлуки.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo