ПРВ.мк
Македонија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Се шират нови измами – пензионер измамен за 1.300 ЕВРА, еве што му ветувале!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Се шират нови измами – пензионер измамен за 1.300 ЕВРА, еве што му ветувале!
Kristal

Скопјанец на 64 години пријавил дека бил измамен за вкупно 1.300 евра, пари што ги дал верувајќи дека ќе му „средат“ социјална помош за него и за неговата сопруга.

Во 2022 година, мажот му доверил 300 евра на Ф.А. од Скопје, кој ветил дека ќе помогне да добие социјална помош. По неколку месеци, пристигнало решение – барањето било одбиено.

Но измамата не завршила тука. По една година, истата личност повторно побарала пари, овојпат 1.000 евра, со објаснување дека ќе „среди“ социјална помош за сопругата на пријавителот. Парите му биле дадени на жена испратена од Ф.А.

Оттогаш, мажот повеќе не можел да стапи во контакт со Ф.А., сфаќајќи дека станува збор за класична измама.

Полицијата веќе работи на идентификација и расчистување на случајот, додека граѓаните се предупредени да бидат внимателни со доверување пари за ветувања од ваков тип.

FixCredit
Atensa 300
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape