Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) воведува нова ера на дигитализација во енергетскиот сектор, со цел зголемување на сајбер-безбедноста и довербата кај граѓаните. Клучните енергетски компании веќе го имплементираат сетот мерки што го наложи РКЕ, вклучувајќи задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на меѓународни безбедносни стандарди и назначување офицер за сајбер безбедност.
„До 2024 година, ниту една компанија немаше имплементирано стандард за сајбер безбедност. Денес две компании веќе го користат меѓународниот ИСО стандард, а три се во финална фаза на воведување“, истакна Апостолчо Рамов, раководител на сектор за ИТ и статистика во РКЕ, на Конференцијата за дигитализација организирана од Американската стопанска комора.
Следниот голем чекор е воведување на паметни броила (smart meters), кои ќе овозможат секој граѓанин да ја следи својата потрошувачка на електрична енергија директно од својот мобилен телефон или онлајн. Целта е да се обезбеди максимална транспарентност и да се елиминираат сомнежите околу точноста на сметките.
Со законските измени од 2023 година и во соработка со НАРУК и УСАИД, РКЕ донесе правила за сајбер-безбедност, кои го дефинираат одговорноста на енергетските компании за заштита на мрежите и информациските системи. Во следниот период овие правила ќе се усогласат со новиот Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, обезбедувајќи стабилен, сигурен и модерен енергетски систем за граѓаните.

















