ПРВ.мк
Македонија

Регионалниот стационар во Кавадарци функционира со полн капацитет: Посветеност и услови кои носат видливи резултати

Регионалниот стационар во Кавадарци функционира со полн капацитет: Посветеност и услови кои носат видливи резултати

Регионалниот стационар за згрижување на бездомни животни во Кавадарци продолжува со непречена работа, исполнувајќи ги своите секојдневни обврски и задачи со максимален капацитет.

Со современ и уреден простор, како и услови кои ги исполнуваат сите потребни стандарди, стационарот се издвојува како еден од успешните примери во регионот. Клучот за ваквиот успех лежи во професионалниот тим кој секојдневно со голема посветеност се грижи за хумано третирање, ветеринарна грижа и соодветно згрижување на животните.

„Кога работите функционираат како што треба – тоа едноставно се гледа“, коментираат граѓаните кои ја поддржуваат оваа иницијатива.

Редовните активности на стационарот, кои опфаќаат заловување, кастрација/стерилизација, вакцинација и вдомување, продолжуваат да се одвиваат со засилено темпо со цел трајно и хумано решавање на проблемот со бездомните животни во општината и регионот.