ПРВ.мк
Македонија

РАСПРАВИЈА, ПА ПРИЈАВА ВО ПОЛИЦИЈА: Што се случувало во дом во Тетово?

РАСПРАВИЈА, ПА ПРИЈАВА ВО ПОЛИЦИЈА: Што се случувало во дом во Тетово?

Жена на 42-годишна возраст од Тетово пријавила дека била физички нападната од својот 37-годишен сопруг во нивниот семеен дом, по претходна расправија. Случајот бил пријавен во полиција на 19 октомври, а неколку часа подоцна во полициска станица се појавил и сопругот.

Според информациите од полицијата, настанот се случил околу 20 часот, кога по претходна расправија дошло до физички напад врз жената во домот во кој живееле.

Таа истата вечер го пријавила случајот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, во 23:20 часот, по што полицијата презела активности за расчистување на настанот.

Неколку часа по пријавата, во полициската станица се пријавил и нејзиниот 37-годишен сопруг. Тој бил задржан од полициските службеници.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Најнови вести