ПРВ.мк
Македонија

РАДЕВ СО ЈАСНА ПОРАКА: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Уставот!

РАДЕВ СО ЈАСНА ПОРАКА: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Уставот!

Бугарската порака пред самитот во Тиват

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Северна Македонија треба да го направи само еден чекор за да ги започне преговорите со Европската Унија – да ги впише Бугарите во Уставот.

Пред почетокот на самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват, тој нагласи дека Бугарија е подготвена да им помогне на сите земји кандидати, особено на Северна Македонија, но дека мора да се исполни договорената преговарачка рамка.

„Чекаме тие конечно да го изменат Уставот и да ги вклучат Бугарите во него. Многу е едноставно“, порача Радев, додавајќи дека токму тој чекор е услов за отворање на преговарачкиот процес.

Критики од Германија за бавното проширување на ЕУ

Во меѓувреме, германскиот канцелар Фридрих Мерц упати критики кон темпото на проширување на Европската Унија, посочувајќи дека повеќе од една деценија не е примена нова членка.

Тој оцени дека застојот не е само вина на земјите кандидати, туку и на самата ЕУ, која мора да покаже поголема подготвеност и ефикасност во процесот.

Мерц изрази оптимизам по разговорите во Тиват, но предупреди дека патот до нови членства сè уште е долг, иако изводлив.

Франција и Германија со нов предлог за реформирање на процесот

Еден ден пред самитот, Франција и Германија предложија нов пристап кон проширувањето на ЕУ, со цел да се забрза процесот и да се намали бирократијата.

Во заеднички документ се предлага „постепена интеграција базирана на заслуги“, каде земјите кандидати би добивале пристап до делови од внатрешниот пазар на ЕУ уште пред полноправно членство.

Според иницијативата, целта е да се создаде пофлексибилен и побрз модел на пристапни преговори, со што би се отстраниле дел од долгогодишните административни пречки во процесот на проширување.