Во пресрет на почетокот на пролетта, учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ со насмевки, рецитали, ритмички точки и детска игра ја најавија новата сезона во Општина Бутел.


Настанот помина во ведра атмосфера, а најмладите преку својата креативност и енергија испратија порака за убавината на пролетта, природата и значењето на уредената животна средина. Со ова симболично одбележување беше означен и почетокот на новите активности насочени кон раззеленување на општината.


Од Општина Бутел најавуваат дека следната недела, заедно со учениците од училиштата и дечињата од градинките, ќе се реализира акција за засадување цвеќиња и дрвја на повеќе локации. Целта е дополнително уредување на зелените површини и создавање поубава, почиста и поздрава средина за сите граѓани. 🌳♻️🌸


Со ваквите активности, локалната самоуправа продолжува да вложува во унапредување на јавниот простор и поттикнување еколошка свест кај најмладите. Пролетните акции се дел од пошироките напори за создавање повеќе зелени површини и поквалитетна животна средина во Бутел.



Пораката е јасна – преку заедничка грижа, учество на децата и конкретни активности на терен, Општина Бутел чекор по чекор го продолжува процесот на раззеленување.


















