ПРВ.мк
Македонија

Март си поигра со возачите: Заврши зимската опрема, а снегот повторно се врати на патиштата

Март си поигра со возачите: Заврши зимската опрема, а снегот повторно се врати на патиштата
Kristal

Иако законската обврска за задолжителна зимска опрема во возилата заврши пред неколку дена, снегот повторно се појави на дел од повисоките места низ земјава и им создаде нови грижи на возачите.

Утрово слаби врнежи од снег беа регистрирани на Попова Шапка, Крушево, како и на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато. Сепак, според информациите од ЈП „Македонија пат“, сите патни правци низ државата засега остануваат проодни.

Сообраќајот се одвива без прекини, но по влажни коловози, поради што се препорачува поголема внимателност зад воланот. Особено претпазливо треба да се вози низ клисурите и делниците каде што постои можност за појава на одрони.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека причината за ваквото време е продор на постудена воздушна маса од север. Поради тоа, на планините и на повисоките места врнежите повремено можат да преминат во снег. Се очекува и умерен, а на одделни места и засилен ветер од североисточен правец.

Иако календарски пролетта веќе пристигна, временските услови покажуваат дека зимата сè уште не кажала последен збор, особено на планинските и повисоките патни правци. Возачите затоа треба да останат внимателни и покрај тоа што обврската за зимска опрема веќе не важи.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo