ПРВ.мк
Свет

Арагчи испрати јасна порака: Иран засега не ја менува нуклеарната политика

Арагчи испрати јасна порака: Иран засега не ја менува нуклеарната политика
Kristal

Иран во овој момент не планира суштински промени во својата нуклеарна доктрина, изјави шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи, нагласувајќи дека официјалниот став на Техеран останува непроменет и покрај новите околности во државниот врв.

Тој посочи дека новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи сè уште нема јавно соопштено став околу ова чувствително прашање, поради што, како што рече, во моментов не може да се процени во кој правец би се движела неговата политичка и правна позиција.

Арагчи потсети и на фетвата што во 2000 година ја донел поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, со која се спротивставил на развој на оружје за масовно уништување. Според него, таа одлука и понатаму има тежина, иако значењето на ваквите верски декрети зависи од авторитетот на исламскиот правник што ги носи.

Во меѓувреме, западните земји со години изразуваат сомнеж дека Иран се обидува да дојде до нуклеарно оружје, без оглед на официјалните уверувања од Техеран. Иранските власти, пак, упорно тврдат дека нивната нуклеарна програма има исклучиво мирнодопска намена и служи само за цивилни потреби.

Со оваа изјава, иранската дипломатија се обиде да испрати сигнал дека засега нема најава за драстично отстапување од досегашната политика, иако неизвесноста околу идните ставови на новото раководство останува отворена.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo