ПРВ.мк
Свет

Војната со Иран му се враќа како бумеранг: Американците плаќаат сè поскапо, а притисокот врз Трамп расте

Војната со Иран му се враќа како бумеранг: Американците плаќаат сè поскапо, а притисокот врз Трамп расте
Kristal

Ескалацијата на војната со Иран почнува директно да удира по американскиот стандард, а тоа создава сериозен политички проблем за Доналд Трамп, кој се врати во Белата куќа со ветувања за пониски трошоци за живот. Во последните денови, растот на цените на енергенсите стана една од главните теми во САД.

Според најновите податоци, просечната цена на бензинот во САД на 17 март се искачи над 3,75 долари по галон, што е највисоко ниво од октомври 2023 година. Во исто време, дизелот надмина 5 долари по галон, што дополнително ги зголемува трошоците за транспорт, индустрија и испорака на стоки.

Главната причина е силниот скок на цената на нафтата поради конфликтот и нарушувањата околу Ормускиот теснец. Ројтерс објави дека Brent во средата се движел околу 103 долари за барел, додека WTI бил околу 94,65 долари, иако претходно нафтата повторно ја проби психолошката граница од 100 долари.

Ова ја става Федералната резерва во тешка позиција. Наместо простор за намалување на каматите, скапата енергија повторно ја поттикнува инфлацијата, па се очекува ФЕД да ги задржи каматите непроменети. Тоа значи дека американските домаќинства и натаму ќе плаќаат високи рати за кредити, автомобили и картички.

На тој начин, војната не останува само геополитички проблем, туку станува и внатрешен удар за Трамп – токму преку горивото, инфлацијата и секојдневниот живот на гласачите.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo