ПРВ.мк
Македонија

Внимание: Движењето во шумите во Македонија целосно забрането – казни до 2.000 евра

Внимание: Движењето во шумите во Македонија целосно забрането – казни до 2.000 евра

Министерството за внатрешни работи соопшти дека целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште е продолжена до 30 септември 2025 година. Оваа одлука е донесена по барање на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, со согласност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел превенција од шумски пожари поради високите температури и продолжената суша.

Движењето во шумите ќе биде дозволено само со писмено одобрување од надлежните подружници на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови за конкретното подрачје.

За непочитување на забраната, физичките лица ќе се соочат со казни според член 106 од Законот за шумите, со глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. Забраната првично беше воведена на почетокот на јули и требаше да трае до 31 август, но поради високата опасност од пожари, е продолжена до крајот на септември.

Escape