ПРВ.мк
Македонија

Претреси: Пронајдена дрога, има приведени

Претреси: Пронајдена дрога, има приведени

Денеска, на 10.09.2025 околу 11:00 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност извршија претрес во струшкото село Луково. При акцијата, со судска наредба, биле лишени од слобода П.К. (49) и М.К. (47), двајцата жители на Скопје.

Во домот на приведените, полицијата пронашла и одзела марихуана и шприцеви исполнети со течност. Двете лица се приведени во полициска станица, каде што по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претресите се дел од редовните активности на полицијата за сузбивање на нелегалната трговија со дрога во регионот и за обезбедување на јавната безбедност.

Escape