ПРВ.мк
Македонија

ПРИСТИГНА УБАВА ВЕСТ: Овие граѓани да си ги проверат сметките, ќе добијат прилив на средства!

ПРИСТИГНА УБАВА ВЕСТ: Овие граѓани да си ги проверат сметките, ќе добијат прилив на средства!

Компанијата КАМ годинава ќе ги израдува своите вработени со рекорден регрес во висина од 52.000 денари, продолжувајќи ја својата практика на вложување во подобри работни услови и наградување на трудот и посветеноста на својот тим.

Од компанијата посочуваат дека оваа одлука не е еднократен потег, туку дел од долгорочната стратегија насочена кон грижата за вработените и создавање работна атмосфера во која секој се чувствува почитуван, мотивиран и поддржан во секојдневното работење.

„Со задоволство информираме дека оваа година на вработените во КАМ ќе им биде исплатен рекорден регрес во износ од 52.000 денари. Оваа одлука претставува продолжение на нашата континуирана практика за подобрување на условите за работа и соодветно вреднување на трудот на вработените“, соопштија од компанијата.

Воедно, од КАМ нагласуваат дека нивната организациска култура е изградена врз принципот дека луѓето се најголемата вредност на компанијата. Според нив, вложувањето во вработените е клучен предуслов за долгорочен успех, стабилност и понатамошен развој.

„Во КАМ постојано се стремиме да изградиме работна средина во која секој вработен ќе се чувствува ценет, поддржан и мотивиран да го даде својот максимум. Со исплатата на рекордниот регрес уште еднаш испраќаме јасна порака дека луѓето се најважниот дел од нашиот систем и дека нивниот придонес има огромно значење за компанијата“, истакнуваат од КАМ.

Компанијата им изрази искрена благодарност на сите свои вработени за нивната професионалност, посветеност и вложениот труд во текот на изминатата година, нагласувајќи дека токму нивната работа и ангажман се главната причина за постигнатите резултати и континуираниот развој на компанијата.

Исплатата на регрес во висина од 52.000 денари претставува една од највисоките суми што КАМ досега им ја исплатил на своите вработени. Со оваа одлука компанијата уште еднаш ја потврдува својата определба да инвестира во својот кадар, да ги препознава резултатите од нивната работа и да ја наградува посветеноста со конкретни финансиски бенефиции.