ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ВО ГЛАВНИОТ ГРАД: Автомобил излетал на тротоар и удрил мајка со дете - и ги откина нозете!

ХОРОР ВО ГЛАВНИОТ ГРАД: Автомобил излетал на тротоар и удрил мајка со дете - и ги откина нозете!

Стравична сообраќајна несреќа го потресе Белград, откако автомобил излетал од коловозот и се качил на тротоар, каде удрил жена која во тој момент се движела заедно со своето дете.

Несреќата се случила во белградската населба Врачар, а според првичните информации од српските медиуми, ударот бил исклучително силен и жената се здобила со тешки повреди.

Од силината на ударот, таа била сериозно повредена и веднаш била пренесена во Ургентниот центар во Белград, каде лекарските тимови се борат за нејзиниот живот. Според информациите, жената била во тешка состојба и без свест кога пристигнала медицинската помош.

Во моментот на несреќата со неа било и нејзиното дете. За среќа, според досегашните информации, детето не се здобило со сериозни повреди и е надвор од животна опасност.

По несреќата, на местото веднаш пристигнале полициски екипи кои извршиле увид и започнале со собирање информации за тоа како дошло до тешкиот инцидент. Дел од улицата бил блокиран додека траела истрагата и увидот.

Надлежните органи работат на утврдување на сите детали, вклучително и причините поради кои возачот изгубил контрола над возилото и завршил на тротоарот, каде во тој момент се движеле пешаци.

Несреќата предизвика голема вознемиреност кај жителите, особено поради фактот што местото каде се случил ударот било простор наменет за пешаци, каде во секој момент можеле да се најдат и други лица.