ПРВ.мк
Македонија

Пристигна јулската пензија за клиентите на оваа банка

Пристигна јулската пензија за клиентите на оваа банка

НЛБ Банка АД Скопје соопшти дека е реализирана исплатата на пензиите за месец јули, а средствата веќе им се достапни на сите пензионери кои ги примаат своите пензии преку оваа банка.

Од НЛБ ги повикуваат клиентите да ги користат дигиталните услуги и банкоматите за побрзо и поедноставно располагање со средствата, со што ќе избегнат непотребно чекање во филијалите.

Банката потсетува дека пензионерите можат безготовински да плаќаат во продажните места, како и да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство за своите секојдневни финансиски потреби.