ПРВ.мк
Македонија

Примарната здравствена заштита под лупа: Матичните гинеколози со нови барања - еве што бараат!

Примарната здравствена заштита под лупа: Матичните гинеколози со нови барања - еве што бараат!
Kristal

Матичните гинеколози во Северна Македонија упатија јавна реакција до Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со барање за ревизија на постојните договори и јасно дефинирање на услугите кои се обезбедени во примарната гинеколошка здравствена заштита.

Иницијативата следува по контролите на Фондот, при кои било утврдено дека дел од гинеколозите наплатувале услуги на пациентки што според законот треба да бидат бесплатни. Гинеколозите објаснуваат дека проблемот не се злоупотреби, туку системски недоследности и нејасно дефинирани услуги.

Тие бараат ревизија на договорите со Фондот, за точно да се утврди кои услуги се бесплатни за пациентките, а кои не се. Министерството за здравство потврди дека ќе ги разгледа барањата и дека стручните служби ќе ја анализираат состојбата, следејќи ги современите медицински текови и упатствата за медицина базирана на докази.

Гинеколозите истакнаа дека очекуваат институционален дијалог, но не ја исклучуваат можноста за протест доколку не се обезбеди брза реакција.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo