ПРВ.мк
Црна Хроника

ВЕЛЕС ВО ПОТРАГА ПО БЕЗБЕДНОСТ: Двајца возачи фатени пијани во само неколку часа - еве со колку промили возеле!

ВЕЛЕС ВО ПОТРАГА ПО БЕЗБЕДНОСТ: Двајца возачи фатени пијани во само неколку часа - еве со колку промили возеле!
Kristal

Во текот на ноќта меѓу 30 и 31 јануари 2026 година, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода двајца возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.

Првиот случај се случил на 30 јануари во 23:50 часот на улицата „Алексо Демниевски“, кога било сопрено патничко возило „Хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.Ј. (45) од Велес. Алкотестот покажал 1,52 промили алкохол во крвта, по што возачот бил задржан во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.

Само 45 минути подоцна, на 31 јануари во 00:35 часот, на улицата „Гоце Делчев“, полициски службеници сопреле патничко возило „Форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Ј. (54) од Велес. Кај него биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта, по што и тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Во двата случаи бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настаните, против возачите ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo