Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош од 8.000 денари, соопшти локалната самоуправа.
Оваа мерка е наменета како поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето.
- „Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани“, велат од општината.


















