Вчера во 23:17 часот, на магистралниот пат Кичево–Охрид, во близина на селото Подвис, се случила сообраќајна незгода помеѓу:
- патничко моторно возило „Рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (51) од Прилеп, и
- возило „Џип“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.У. (33) од селото Зајас.
Во несреќата повредени се:
- сопатниците од „Рено“: О.А. (47) и М.Г. (55), двете од Прилеп, и
- сопатниците од „Џип“: Б.Ф. (45), Ј.Ч. (31) и едно малолетно дете на 6 години, сите од Зајас.
Сите повредени биле пренесени во Општата болница во Кичево, каде им биле констатирани телесни повреди.
На местото на несреќата беше извршен увид од полициски екипи, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

















