Синоќа, полициски службеници од ПО Галате интервенираа во гостиварското село Неготино, спречувајќи ескалација на семејна расправија која можела да заврши трагично.
Случајот бил пријавен во 20:15 часот од страна на 36-годишниот А.М., кој побарал помош бидејќи неговиот татко М.М. (60) бил агресивен кон членовите на семејството. Според пријавата, таткото, кој бил во видно алкохолизирана состојба, ги малтретирал домашните и упатил директни закани по животот на својот син.
Полицијата веднаш интервенирала и го лишила од слобода насилникот. При извршеното алкотестирање, кај М.М. биле измерени 1,30 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

















