На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица, кај село Ратево, се јави поголем одрон, поради што сообраќајот се одвива по привремена девијација во должина од 50 метри, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Возачите се советуваат на внимателно поминување низ оваа делница, со оглед на ризикот од дополнителни одрони и потенцијално ограничена ширина на патот.
Воедно, АМСМ предупредува дека на некои други патни правци видливоста е намалена поради магла:
- Свети Николе – Сарамзалино и Велес – видливост до 100 метри;
- С. Лисец – Попова Шапка – видливост до 30 метри.
Се препорачува возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да бидат претпазливи, особено на влажни коловози.

















