ПРВ.мк
Македонија

Претрес во „Идризово“ откри марихуана кај 42-годишна затвореничка

Претрес во „Идризово“ откри марихуана кај 42-годишна затвореничка

При редовен претрес во женското одделение на Казнено-поправната установа „Идризово“, кај 42-годишна осуденичка била пронајдена марихуана.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека при контролата, извршена околу 13:15 часот, кај осуденичката Е.Ј. била пронајдена и одземена дрогата.

Надлежните посочуваат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против осуденичката.