Осуденик од Скопје бил фатен со марихуана и прашкаста материја при враќање од отсуство во Казнено-поправната установа Идризово.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 1 август околу 18:10 часот, кога од затворот било известено дека при влез во установата бил извршен претрес врз осуденикот Р.Е. (28) од Скопје.
При контролата кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.







