ПРВ.мк
Македонија

ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ ШТО ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Укината доживотната казна за штипјанецот што ја уби мајка си!

ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ ШТО ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Укината доживотната казна за штипјанецот што ја уби мајка си!

Апелацискиот суд во Штип ја укина пресудата со која Стојанче Зарков беше осуден на доживотен затвор за убиството на својата мајка, што значи дека целиот случај повторно ќе се разгледува пред Основниот суд во Штип.

Одлуката претставува значаен пресврт во еден од најтешките кривични случаи што ја потресоа јавноста во изминатиот период. Според информациите потврдени од Апелацискиот суд за МИА, постапката ќе биде вратена на повторно судење.

Зарков веќе почнал да ја издржува доживотната казна во затвор, но по најновата судска одлука ќе биде вратен во притворскиот оддел до завршување на новата постапка.

Во февруари годинава Основниот суд во Штип му изрече доживотен затвор за убиството на неговата 84-годишна мајка Марија Заркова. Според обвинението, трагичниот настан се случил на 8 август минатата година во раните утрински часови во нивниот семеен дом.

Според тогаш утврдените факти, убиството било извршено со нож, по што самиот Зарков се јавил на бројот за итни повици и го пријавил случајот.

При изрекувањето на пресудата, судијата Сашко Георгиев истакна дека станува збор за особено тешко кривично дело и нагласи дека заштитата на човечкиот живот има апсолутен карактер и претставува едно од основните човекови права.

Судската архива покажува дека Зарков и претходно бил познат на правосудните органи и во три наврати бил суден за кривични дела поврзани со семејно насилство.

Со укинувањето на пресудата, случајот повторно се враќа во судница, каде ќе се преиспитуваат сите докази и околности поврзани со убиството што ја шокираше јавноста.

Најнови вести