ПРВ.мк
Свет

УАПСЕНИ ТРОЈЦА ТАКСИСТИ: Туристите плаќале повеќе отколку што покажувал таксиметарот!

УАПСЕНИ ТРОЈЦА ТАКСИСТИ: Туристите плаќале повеќе отколку што покажувал таксиметарот!

Грчката полиција уапси тројца таксисти на островот Крит под сомнение дека со измама им наплатувале значително повисоки суми на патниците од оние што биле прикажани на таксиметрите и на издадените сметки.

Според информациите објавени од грчкиот весник „Екатимерини“, акцијата била спроведена во понеделникот во градот Агиос Николаос, каде полициски службеници организирале насочени контроли за откривање неправилности во такси-превозот.

Во текот на акцијата биле приведени тројца мажи на возраст од 48, 47 и 25 години. Според сомнежите на истражителите, тие на патниците им наплатувале повисоки износи од реалната цена на возењето, иако таксиметрите покажувале пониски суми.

Полицијата соопшти дека ваквите практики претставуваат измама на клиентите и најави дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, особено во туристичките места каде во летната сезона значително се зголемува бројот на посетители.

Грчките власти нагласуваат дека ќе преземаат засилени мерки против сите превозници кои се обидуваат незаконски да заработуваат на сметка на туристите и локалните жители.

Случајот предизвика големо внимание на Крит, особено поради фактот што островот во овој период од годината е меѓу најпосетуваните туристички дестинации во Грција.

Најнови вести