ПРВ.мк
Македонија

Ќерката го пријавила за малтретирање, полицијата откри оружје во домот и викендицата: Уапсени татко и син од Велес!

Ќерката го пријавила за малтретирање, полицијата откри оружје во домот и викендицата: Уапсени татко и син од Велес!

Случај на семејно малтретирање и нелегално поседување оружје заврши со две апсења во Велес, откако полицијата при претреси пронашла повеќе парчиња оружје, муниција и поголема сума пари.

Според информациите од МВР, на 17 јуни во 03:20 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.А. (49) од Велес. Акцијата следувала по претходна пријава дека подолг период ја малтретирал својата ќерка, ѝ забранувал да излегува од домот и поседувал оружје.

По добиена судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и помошните простории, при што бил пронајден и одземен пиштол „Застава“ со рамка во која имало 13 куршуми, за кој немал соодветна документација. При претресот била пронајдена и поголема сума пари.

Истрагата продолжила и во викенд-куќа во селото Капиново, општина Чашка, која е во сопственост на неговиот татко С.А. (74) од Велес. И таму, по наредба од суд, бил извршен претрес.

Во викендицата полицијата открила два пиштоли, 71 куршум, пет патрони и дрвен кундак со ременик, исто така без соодветна документација.

По пронаоѓањето на оружјето, приведен бил и 74-годишниот сопственик на викенд-куќата. Двајцата биле задржани во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање и расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави против приведените лица.

Најнови вести