Иако пожарот во кавадаречкото село Раец е целосно изгаснат, екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кавадарци и понатаму остануваат на терен, каде што вршат редовни и засилени контроли врз цело опожарено подрачје.
Преку превентивни обиколки и внимателно деноноќно следење на состојбата, противпожарните екипи ги проверуваат сите критични точки на теренот. Целта на овие активности е да се овозможи брза и навремена реакција доколку дојде до евентуално повторно разгорување на огнот поради високите температури или ветерот.
Од ТППЕ Кавадарци порачуваат дека безбедноста на граѓаните, заштитата на нивниот имот и спречувањето на нови жаришта остануваат нивни највисок приоритет во овој период.





