Шест припадници на ТППЕ Кавадарци, со три противпожарни возила, денеска се упатени во Прилеп како испомош во справувањето со пожарот што ја зафати прилепската околина.
Во услови кога на теренот е потребна дополнителна поддршка, кавадаречките пожарникари се вклучуваат во гаснењето и спречувањето на ширењето на огнената стихија.
Со ангажманот уште еднаш ја покажуваат својата професионалност, подготвеност и солидарност, ставајќи го своето знаење и искуство во служба на заедницата.
🚒 Кавадарци за Прилеп – пожарникарите заедно кога е најпотребно.









