ПРВ.мк
Македонија

Пожар во затворот „Идризово“: Зафатен кровот на амбулантата!

Пожар во затворот „Идризово“: Зафатен кровот на амбулантата!
Kristal

Пожар избувнал по полноќ во затворот „Идризово“, при што бил зафатен дел од објектот на затвореното одделение.

Инцидентот бил пријавен во 00:21 часот, кога од казнено-поправната установа информирале дека гори кровот на амбулантата во рамки на затворот.

На местото на настанот интервенирала Бригадата за противпожарна заштита од Скопје, која успеала брзо да го локализира и изгасне пожарот.

Во пожарот нема повредени лица.

Надлежните служби извршиле увид, а се преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo