ПРВ.мк
Македонија

Пожар крена пожарникари на нозе: Жена го запалила сопствениот стан

Пожар крена пожарникари на нозе: Жена го запалила сопствениот стан

Пожар избувнал во стан на улицата „Сава Михајлов“ во Гевгелија, а според информациите од Министерството за внатрешни работи, било утврдено дека огнот го предизвикала 64-годишната жена која живеела во станот.

Случајот бил пријавен ноќеска околу 00:25 часот во Полициската станица Гевгелија.

На местото интервенирале пожарникари од Територијалната противпожарна единица Гевгелија, кои успеале да го изгаснат пожарот. За среќа, во настанот нема повредени лица.

По преземените полициски мерки било утврдено дека пожарот го предизвикала В.К. (64), која живеела во станот. Таа подоцна била спроведена во здравствена установа.

За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.