ПРВ.мк
Македонија

Повеќе од 24 часа е целосно затворен овој патен правец - Што се случува?

Повеќе од 24 часа е целосно затворен овој патен правец - Што се случува?
Kristal

Сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ е целосно во прекин веќе повеќе од 24 часа поради превртена цистерна која ја блокира коловозната лента.

Портпаролот на СВР Охрид за МИА потврди дека на терен се преземаат сите можни мерки за расчистување, но поради технички причини цистерната сè уште не е отстранета. Ова предизвика сериозни проблеми за возилата што патуваат кон Албанија.

Патниците се пренасочуваат на другите гранични премини – „Свети Наум“ кај Охрид или „Блато“ кај Дебар, за да можат да продолжат со патувањето без дополнителни застои. Ситуацијата се следи внимателно, а надлежните апелираат за трпение и следење на алтернативните рути.

FixCredit
Escape