ПРВ.мк
Свет

ОД 1 ЈАНУАРИ СТАПУВА СТРОГА ЗАБРАНА: Се забранува овој вид на мачки - еве зошто и што уште се менува!

ОД 1 ЈАНУАРИ СТАПУВА СТРОГА ЗАБРАНА: Се забранува овој вид на мачки - еве зошто и што уште се менува!
Kristal

Од 1 јануари 2026 година, во Холандија стапуваат во сила повеќе од 80 нови закони и прописи кои значително ќе влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните – од домување и енергија, до домашни миленици и финансиски трансакции. Меѓу најконтроверзните мерки е и целосната забрана за чување и одгледување мачки без влакна, поради утврдени здравствени ризици.

Според новите правила, мачките без влакна кои се родени и микрочипирани пред 1 јануари 2026 година ќе можат да останат во своите домаќинства, но нема да смеат да учествуваат на изложби ниту да се користат за размножување. Властите објаснуваат дека ваквите раси често се соочуваат со кожни проблеми, проблеми со терморегулација и други здравствени компликации, што ја оправдува одлуката за забрана.

Покрај оваа мерка, Холандија воведува и забрана за користење аналогни броила за електрична енергија. Сите домаќинства ќе мора да преминат на дигитални или паметни броила, кои овозможуваат следење на потрошувачката и на производството на струја од соларни панели. Целта е подобра енергетска ефикасност и поттикнување на обновливите извори на енергија.

Новите прописи носат и повисоки даноци за домаќинствата со поголема потрошувачка на вода, со цел да се стимулира рационално користење на ресурсите. Во исто време, минималната плата за вработените над 21 година ќе изнесува 14,71 евра на час, додека социјалните примања ќе бидат зголемени. На пример, надоместокот за самохрани лица ќе порасне од 1.527 на 1.558 евра месечно.

Промени има и во областа на домувањето. Правото на субвенции за кирија ќе биде проширено, при што младите станари ќе можат да добијат целосна поддршка веќе од 21 година, наместо од досегашните 23 години. Ограничувањата за висината на киријата за добивање субвенција исто така се олеснуваат.

Финансиските трансакции во готово ќе бидат строго ограничени – плаќања над 2.999 евра во било каков бизнис ќе бидат забранети, со цел борба против перење пари и сива економија.

Дополнително, родителите ќе имаат законска обврска веднаш да пријават сериозни инциденти во кои се вклучени деца до Службата за јавно здравје. Од 10 јануари, пак, и рекреативниот морски риболов ќе биде подложен на нови правила, со задолжителна регистрација на податоци преку апликацијата „Рек-фишинг“ на ниво на целата Европска Унија.

Со овие обемни законски измени, Холандија влегува во 2026 година со јасна намера за поголема контрола, заштита на здравјето и животната средина, но и со мерки што веќе предизвикуваат реакции и дебати меѓу граѓаните.

FixCredit
Escape