ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Моќна новогодишна порака од Путин што предизвика силни реакции – пораката која одекна низ цела Русија!

(ВИДЕО) Моќна новогодишна порака од Путин што предизвика силни реакции – пораката која одекна низ цела Русија!
Kristal

Рускиот претседател Владимир Путин во својата новогодишна порака уште еднаш ја истакна својата цврста увереност дека Русија ќе излезе како победник од војната во Украина, речиси четири години по почетокот на руската инвазија.

Во видео-пораката, која беше објавена од државните руски медиуми, Путин им се обрати директно на припадниците на руските вооружени сили. „Им честитам на нашите борци и команданти на почетокот на новата година. Веруваме во нив и во нашата победа“, порача рускиот претседател, нагласувајќи ја довербата што државниот врв ја има во армијата.

Пораката првично беше емитувана на Камчатка, регионот каде што најрано започна 2026 година – во 13 часот по македонско време, со што симболично започна новогодишното обраќање што се пренесува низ целата земја.

Путин повторно ги опиша руските војници кои се борат во Украина како херои, потенцирајќи дека тие не се сами. „Ве уверувам дека милиони луѓе низ Русија се со нив оваа новогодишна ноќ. Тие мислат на нив, сочувствуваат со нив и се надеваат на нив. Ние сме обединети во нашата искрена, несебична и посветена љубов кон Русија“, изјави тој, испраќајќи порака за национално единство.

Во своето обраќање, рускиот претседател не ги допре темите поврзани со можни преговори со Соединетите Американски Држави за ставање крај на конфликтот во Украина, ниту пак упати порака за мир. Наместо тоа, тој ја нагласи определбата на државата да ги оствари своите цели, истакнувајќи дека „големата Русија“ ќе продолжи по својот пат.

Новогодишната порака на Путин традиционално се емитува точно на полноќ во секој руски регион, прилагодена на 11-те временски зони што ги опфаќа земјата. Последни што ќе ја дочекаат 2026 година се жителите на Калининград, на Балтичкото Море, во 23 часот по македонско време, додека Москва Новата година ја пречека во 22 часот по македонско време.

ВИДЕО

FixCredit
Escape