Утре, 2 октомври, во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за изменет режим на движење по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на главниот град.
Посебниот режим се воведува поради движењето на делегацијата за време на официјалната посета.
Од МВР апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.










