Криста Пајк, единствената жена осудена на смрт во американската сојузна држава Тенеси, преживеала обид за егзекуција со смртоносна инјекција.
Според објавените информации, 50-годишната Пајк примила две предвидени дози од препаратот. Таа изгубила свест, но продолжила да дише, а срцето продолжило да ѝ работи. Потоа била пренесена во медицинска установа.
По неуспешната егзекуција, гувернерот на Тенеси, Бил Ли, ги суспендирал преостанатите егзекуции планирани за годинава и наредил независна истрага за случајот.
Пајк е осудена за убиството на 19-годишната Колин Слемер во 1995 година. Во моментот на злосторството имала 18 години. Според судските податоци, Пајк, нејзиниот тогашен партнер Тадарил Шип и уште една девојка ја намамиле Слемер во шумска област, каде што била претепана и убиена.
Адвокатите на Пајк во постапките за помилување се повикувале на нејзиното тешко детство и менталното здравје, но барањето за помилување било одбиено.
Случајот сега отвора правни и процедурални прашања околу тоа што следува откако осуденичката ја преживеала постапката за извршување на смртната казна.







