ПРВ.мк
Црна Хроника

ЕКСКУРЗИЈА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ТРАГЕДИЈА: Осум ученици влегле во морето – никој не преживеал

ЕКСКУРЗИЈА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ТРАГЕДИЈА: Осум ученици влегле во морето – никој не преживеал

Најмалку осум ученици го загубија животот во голема трагедија што се случи за време на училишна екскурзија во Индија.

Несреќата се случила во четвртокот на плажата Дивеагар, во округот Раигад, во сојузната држава Махараштра.

Според информациите од локалната полиција, учениците биле дел од организирана група од 48 лица од приватната „Winners Academy“ во Аланди. На екскурзијата имало 25 момчиња, 17 девојчиња и шест наставници.

Осум ученици влегле во морето, но набргу се нашле во опасност. Според првичните информации, тие не успеале правилно да ги проценат длабочината на водата и силата на морските струи.

Веднаш била започната голема операција за пребарување и спасување, во која биле вклучени полицијата, спасувачки екипи и локални жители.

За жал, потрагата завршила трагично. Телата на сите осум ученици биле пронајдени и извлечени од морето.

Загинатите биле ученици од 11. и 12. одделение, кои престојувале на Дивеагар во рамки на организирана училишна екскурзија.