Полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со 35-годишен жител на Скопје, откако неговата 25-годишна поранешна партнерка пријавила дека ја следел и ѝ испраќал пораки.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 21 септември 2026 година. Во 16:40 часот, П.Ј. (35) од Скопје бил повикан на службен разговор во Полициската станица Кисела Вода.
Според пријавата на жената, нејзиниот поранешен партнер ја следел и во повеќе наврати ѝ испраќал пораки. Дополнително, таа пријавила дека под своето возило пронашла уред за следење.
Од МВР соопштуваат дека случајот се документира, по што ќе следува соодветен поднесок.





