32-годишен жител на Долно Јаболчиште, општина Чашка, заврши во полициска станица откако при сообраќајна контрола било откриено дека управува автомобил без воопшто да има стекнато право за возење.
Случајот се случил на 14 јули околу 20 часот на експресниот пат Градско–Прилеп, каде полициски службеници од ОВР Кавадарци запреле патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки.
Со возилото управувал Б.А. (32) од Долно Јаболчиште, а при извршените проверки полицијата утврдила дека тој никогаш немал положено и стекнато законско право да управува моторно возило.
Поради прекршокот, лицето било лишено од слобода, а за случајот бил известен јавен обвинител.
Автомобилот со кој управувал 32-годишникот бил привремено одземен, додека надлежните институции продолжуваат со понатамошната постапка за целосно расчистување на случајот.






