Голема полициска акција со апсење на наплатната станица на автопатот Скопје–Куманово вечерва предизвика застој во сообраќајот кој траел околу половина час, јавува „24 Инфо“, повикувајќи се на очевидци.
Инцидентот се случил во екот на туристичката сезона, период кога патниот правец е особено оптоварен. Застојот настанал токму во моментите кога бројни возила се движат кон границата и летните дестинации, а дополнителни гужви се создаваат и поради наплатните рампи.
Од МВР сè уште нема официјална информација за причините и деталите од акцијата. Очевидци велат дека во операцијата учествувале повеќе полициски возила и специјални единици.