ПРВ.мк
Македонија

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Пронајдени стебла канабис и сомнителни предмети поврзани со кривични дела – приведен 50-годишен маж

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Пронајдени стебла канабис и сомнителни предмети поврзани со кривични дела – приведен 50-годишен маж

Педесетгодишен жител на Гостивар е лишен од слобода по полициска акција спроведена врз основа на судска наредба, при која во неговиот дом биле пронајдени предмети и растенија за кои постои сомнеж дека се поврзани со кривични дела.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 1 јуни 2026 година околу 17 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Т.Џ. (50) од Гостивар, по претходно спроведен претрес во неговиот дом.

Акцијата била реализирана во рамки на истрага поврзана со кривични дела предвидени во членовите 237, 396 и 215 од Кривичниот законик.

При претресот, во една од просториите била пронајдена облека за која, според првичните сознанија, постои сомнеж дека може да биде поврзана со кривичното дело „разбојништво“. Дополнително, на балконот од домот биле пронајдени саксија со две стебла од растението канабис.

Сите пронајдени предмети се одземени и ќе бидат предмет на натамошно вештачење и постапка.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Најнови вести