На 23.03.2026 во 16:15 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.М.(23) и Б.З.(30), двајцата од Велес. Тие се сомничат дека од помошна просторија и возило на 51-годишен велешанец одзеле разни предмети.
Дел од одземените предмети бил пронајден и ќе биде вратен на сопственикот. Двајцата осомничени се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

















