ПРВ.мк
Македонија

Полицијата запрела „ленд ровер“, зад воланот било 15-годишно дете

Полицијата запрела „ленд ровер“, зад воланот било 15-годишно дете

Петнаесетгодишник од Скопје е лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил, иако нема законско право да вози.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се случил ноќеска околу 1:10 часот на улицата „Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, при редовна сообраќајна контрола.

Полициските службеници запреле патничко возило „ленд ровер“ со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека зад воланот се наоѓа 15-годишно момче, кое управувало со возилото без да има стекнато право за управување.

За настанот веднаш бил известен јавен обвинител за малолетници, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.