ПРВ.мк
Македонија

Полицијата врши истрага по тешката сообраќајка во која настрада дете

Полицијата врши истрага по тешката сообраќајка во која настрада дете

Деветгодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Скопје–Тетово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера околу 14:30 часот. На крстосница меѓу сервисна улица и регионалниот пат дошло до судир помеѓу патнички автомобил „Форд“ со скопски регистарски таблички, управуван од 67-годишен жител на селото Арнакија, и електричен тротинет управуван од деветгодишно дете од истото село.

Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди и веднаш било пренесено во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што повредите биле потврдени од лекарите.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Скопје, а полицијата работи на утврдување на сите околности и причините што довеле до сообраќајната несреќа.