Полицијата приведе неколку лица на различни локации во Скопје во изминатите два дена, откако кај нив била пронајдена дрога, информираат од МВР.
На 29 и 30 март 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Н. (37), Т.Л. (22), двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години, сите од Скопје, како и Л.А. (24) од Италија.
При контролите кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите, против сите приведени лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.



















