На 9 февруари 2026 година, околу 04:15 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го лишиле од слобода Н.С. (40) од Куманово, на автопатот „Пријателство“ во правец од Скопје кон Куманово.
При редовна мотопатролна контрола, било запрено патничко возило „Фиат Браво“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.С. При извршениот преглед било утврдено дека во возилото се превезувале четворица мигранти – двајца од Непал и по еден од Индија и Пакистан.
Н.С. е задржан во полициска станица, додека мигрантите се пренесени во Транзитниот центар Табановце. По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

















